КПС „ОСОГОВСКИ ОРЕЛ“ ЈА СТАРТУВАШЕ РЕКРЕАТИВНАТА ТРКА „ВРАНИНЦИ НА ЗАЈДИСОНЦЕ“

Во Спорт
март 29, 2024
1 минути

Клубот за планински спортови „Осоговски Орел“ од Кочани почна нова рекреативна трка под името „Sunset Trail Run“ односно „Вранинци на Зајдисонце“.

Таа треба да стане традиционална и ќе се одржува на падините на Осоговските планини. Патеката на која ќе се трча е во должина од околу 12 км а висинската разлика е 550 метри. Старотот е од пред спортската сала во населбата Оризари а потоа се трча кон селото Вранинци и назад.

Првата трка се реализираше вчера, а договорено е во наредниот период да се одржува секој последен четврток во месецот.

Покрај членовите од нашиот клуб имавме и гости од Штип.

Во план е секоја наредна трка да покануваме учесници од други спортски клубови од државата. Се трча во групи во зависност од физичката подготвеност на учесниците.

Главна цел за организирање на трката е дружењето и промоција на природните убвини на Осоговијата, а од КПС „Осоговски Орел“ информираат дека наскоро ќе бидат организатори на уште неколку слчни активности за што ќе следи соодветна најава.

КПС „Осоговски Орел“ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ