ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ФАВОРИТИТЕ ЗА НАЈВИСОК ПЛСМАН СТАРТУВАА СО ПОБЕДИ

Во Спорт
август 20, 2022
0 минути

По една седмица одложување, денес конечно стартуваше новото првенство во Втора Фудбалска Лига. Од закажаните осум натпревари единствено не се одигра натпреварот во Велес „Борец“ – „Слога 1934“ кој е закажан за во среда со почеток во 17:00 часот.

Инаку на денешните седум натпревари постигнати се 21 погодок, или во просек по 3 на натпревар што сепак е добра ефикасност. На 5 натпревари победија гостинските екипи додека само два две домашни екипи се радуваа на победата.

Екипата на „Каменица Саса“ со пораз на домашен терен го започна првенството, додека во Радовиш во комшиското дерби екипата Горан Здравков „Детони Плачковица“ ја преслуша „Беласица“ и бодовите останаа дома.

Фаворитите за највисок пласман „Пелистер“, „Гостивар“ и „Вардар“ од гостувањата се враќаат дома со три бода како и „Воска Спорт“ од Струга. „Охрид Лихнидос“ славеше како домаќин против „Тетекс“.

Резултати од првото коло:

„Кожуф “ – „Пелистер“  2:4

„Аресими“ – „Вардар“  0:1

„Охрид Лихнидос“ – „Тетекс“  2:0

„Детонит Плачковица“ – „Беласица“  2:0

„Караорман“ – „Воска Спорт“  0:2

„Пехчево“ – „Гостивар“  2:3

„Каменица Саса“ – „Беса“  1:2

С. Ивановски