ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ЛУКА ГЕОРГИЕВ ГО ТОРПЕДИРАШЕ „КОЖУФ“

Во Спорт
октомври 28, 2023
1 минути

По облачно, но пријатно време за игра, денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани пред 400 гледачи, во рамките на 10-тото коло од Втората Фудбалска Лига  „Осогово“ сосе,а заслужено ја совлада екипата на Кожуф со резултат 3:2 (2:0).

Кочанчани фуриозно го започнаа натпреварот и веќе по 20 секунди имаа можност да го откријат резултатот, но ударот на Јован Дојчинов заврши покрај десната статива во гол аут.

Уште не стивнаа возбудувањата на трибините а веќе во 2’ Лука Георгиев од поволна прилика не го погоди голот на Стефан Митрев.

Се играше 5’ кога Лука Георгиев доби топка во шеснаесетникот на гостите, следуваше удар по земја и топката заврши во долниот десен агол на гостите. По постигнатиот гол играчите на „Осогово“ како да добија крилја, напаѓаа во бранови но иако создадое уште неколку шанси сепак мрежата на Митрев мируваше. Но така не беше и во 31’ кога Лука Георгиев по втор пат се запиша во листата на стрелците. Имено на 30 метри од голот Георгиев ја имаше топката во своите нозе и откако си направи простор за удар стравотно биеше а топката заврши во десниот долен агол.  По вториот погодок домаќините ја препуштија срдината на теренот но со опасни контра напади атакуваа кон голот на Гевгеличани. Гостите единствената шанса за гол ја имаа во 41’ кога капитенот Бојан Иванов по еден слободен уф=дар нафрли во казнетиот простор на домаќините топката го прелета букетот играчи, се одби од земјата и заврши во пречката на домаќините.  Со сигурно водство од 2:0 се замина на одмор.

Второто полувреме „жетварите“ го започнаа исто како првото, со фуриозна игра и само по две минути мрежата на немоќниот Митрев по трет пат се заниша. Домаќините изведоа корнер од десната страна домашниот играш Спасе Терзиев лошо интервенираше и топката заврши зад голот на неговиот голман.  И кога сите на стадионот беа убедени дека „жокто-сините“ со ваква игра ќе ја наполнат мрежата на гостите се случи спротивното. Се играше 54’ кога топката се одбиваше во домашниот шеснаесетник и дојде до осамениот Ќире Митков кој лоб удар ја погоди левата мала мрежичка на немоќниот Ѓорѓи Јованоски. Овој погодок како да ги разниша редовите на „Осогово“ и по само шест минути следуваше нов шок и за домашните играчи и за публиката. Во 60’ Ќире Митков од косо од преку дваесет метри испрати вистински проектил кој заврши во дсниот горен агол на Јованоски. Двата погодока како да им дадоа крилја на играчите во црвени дресови, но домаќините успеаја брзо да ги средат своите редови и да не дозволат ново изненадување како во некои претходни натпревари.

Се на се добра игра на „Осогово“ и заслужено освоени три големи бода.

Резултати од 10-тото коло:

Осогово – Кожуф  3:2

Охрид – Пелистер  1:3

Беса – Аресими  2:0

Тетекс – Скопје  2:0

Башкими – Вардар (Н)  1:1

Победа – Караорман  1:2

Беласица – Детонит Плачковица  0;0

Новаци – Каменица Саса  1:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ