БАЛГОДАРНОСТ ДО ХИРУРШКО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ КОЧАНИ

октомври 28, 2023
0 минути

„Сакаме да упатиме голема благодарност до раководителот и персоналот од хируршкото одделени при Општа болница со проширена дејност од Кочани за сето она што го презедоа за време на лекувањето на нашиот татко, свекор и дедо Божидар Андоновски – Бошко“ стои во пораката од семејството Андоновски

Инаку пред три дена по кратко боледување во 91. година од животот не напушти Божидар Андоновски – Бошко, некогашен Претседател на Собранието на Општина Кочани, долгогодишен директор на „Југотутун“ од Кочани и идеен творец на фабриката „Шампињони“, прва од ваков вид на Балканот.

Слава му.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ