Со одигрувањето на натпреварите од 7-мото коло заврши есенскиот дел од првенството во Втора Фудбалска Лига за жени. Со 13 освоениi бода од седум натпревари младата екипа на Кочани го зазеде третото место.
Кочанчанки во последното есенско коло и гостуваа на екипата на „Плачковица“ а конечниот резултат одлучуваше која екипа ќе биде на третата позиција. Натпреварот заврши без победник. Домаќинките поведоа во 23’ со голот на Надица Коцевска а капитенот на „Кочани“ Симона Веселинова го израмни резултатот во 29’.
Дерби натпреварот од есенскиот дел од првенството се одигра во Битола меѓу двете непоразени екипи, а победата и припадна на домашната екипа, со што „Атлетикпо“ стана есенски шампион,
За одбележување е што екипата на „Порече“ со првата победа ги освои и првите бодови. Во Валандово гостинките од Охрид им се радуваа на бодовите.
Резултати од 7-то коло:
Плачковица – Кочани 1:1
Атлетико – Вардар 2:0
Порече – Борец 4:0
Победа Валандово 16 – Билјанини извори 1:2
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ