Утре (Сабота) на програмата се натпреварите од третото коло во Втора Фудбалска Лига – исток. Очите на љубителите на фудбалот во Кочани ќе бидат свртени кон стадионот „Никола Мантов“ каде „Осогово“ го пречекува хитот на првенството, „башкими“ од Куманово.
По само две одиграни кола во „Осогово“ се запали црвеното светло, навивачите на „Осогово“ веќе се загрижени, не толку од резултатот како од слабата и индолентна игра што ја прикажуваат играчите. Факт е дека во овој преоден рок управата на клубот ангажираше неколку нови играчи, преди се млади и без некое фудбалско искуство. Без разлика на се сите играчи мора да сфатат дека треба да играат за боите на клубот, за градот, за навивачите треба да играат со срце, да „гинат“ за секоја топка, инаку како што досега играа тешко, многу тешко „Осогово“ ќе се крене од оваа летаргија која ги зафати сите во клубот. Еве веќе утре ја имаат таа шанса, а за противник имаат екипа која во првите две кола оствари две значајни победи и е хит во овој дел од првенството.
Освен во Кочани и на другите терени гледачите ќе присуствуваат на интересни и неизвесни натпревари во кои треба да се вложи максимум за да се дојде до посакуваните резултати.
Двојки за 3-тото коло:
„Осогово“ – „Башкими“
„Победа“ – „Охрид“
„Беласица“ – „Тетекс“
„Новаци“ – „Беса“
„Каменица Саса“ – „Пелистер“
„Детонит Плачковица“ – „Аресими“
„Кожуф“ – „Скопје“
„Караорман“ – „Вардар“ (Н)
Натпреварите започнуваат во 16:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ