ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПОВТОРНО ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТ, НЕ ОТСТАПУВААТ ОД СВОИТЕ БАРАЊА

август 25, 2023
1 минути

И денес пензионерите, членови на Здружението на пензионери на Општина кочани излегоа на мирен протест. Тие не отстапуваат од своите барања за линеарно зголемување  на пензиите од 3.500,00 денари.

Протестот започна во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани од каде насобраните пензионери се упатија пред Фондот на здравство каде на мирен начин ги потврдија своите барања.

Од таму заминаа кон канцелариите на Здружението на пензионери – Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ