НАМЕСТО ПОЧЕТОК НА ПОДГОТОВКИТЕ, ДЕНЕС НА СТАДИОНОТ „НИКОЛА МАНТОВ“ БЕШЕ ТИВКО

Во Спорт
јули 5, 2023
0 минути

Ништо од најавите дека денес Среда (среќно) ќе биде прозивката и дека и официјално ќе започнат подготовките на „Осогово“ за настапот во втората Фудбалска Лига.

Наместо играчи, тренери, управа, медиуми и по некој загржен навивач на кочанскиот второлигаш, празен терен празни трибини.

Единствено нешто што денес можеше да се слушне на стадионот „Никола Мантов“ беа разлитаните и вознемирени птици кои како да го најавуваа новиот дождовен бран.

Сето тоа денес беше пред дождот, а после дождот ќе почекаме да дојде Сабота.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ