НЕУСПЕШНА ГЕНЕРАЛКА ЗА „ЖОЛТО-СИНИТЕ“

Во Спорт
февруари 13, 2022
0 минути

На една седница пред почетокот на натпреварите во вторите фудбалски лиги, денес во Кратово „Силекс“ и „Осогово“ го одиграа последниот подготвителен натпревар.

Есенскиот шампион во Втора лига – Запад „Силекс“ беше далеку подобар од гостите и на крајот сосема заслужено победи со 3:0 (2:0).

Од она што го дознаваме кратовчани иако пред некој ден си дојдоа од подготовките во Турција сепак одиграле натпревар кој ги задоволил вкусовите на Шефот на Стручниот штаб Горазд Михајлов. Играле добро и рационално а единствен недостаток им била лошата завршница бидејќи ако биле поконцентрирани пред голот на „Осогово“ гостите ќе ги испрателе со повеќе голови во мрежата.

Наспроти домаќините „Осогово“ одиграл натпревар меѓу двата шеснаесетника без некоја посериозна шанса за гол што го остава Шефот на стручниот штаб Александар Андов на размислување пред саботниот натпревар против „Беласица“ кој ќе се игра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

С. Ивановски