ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ЈА ПРЕЧЕКУВА ЕКИПАТА НА „ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА“

Во Спорт
септември 24, 2024
1 минути

Утре (Среда) продолжува првенството во Втора Фудбалска Лига. На програмата се натпреварите од 04 коло кое е закажано за во 15:00 часот.

„Осогово“ осоколено по освоениот бод во Штип против „Брегалница“, еден од кандидатите за највисок пласман, на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ја пречекува незгодната екипа на „Детонит Плачковица“.  Како што истакнуваат од таборот на „жолто-сините“ приоритет е освојувањето на трите бода и бегство од опасната зона.

Тренерот Георгиев е задоволен од пристапот на играчите на натпреварот во Штип, од нивната борбеност за секоја топка и желбата непоразени да се вратат во Кочани. Во неделата тоа им успеа на ред е освоениот бод да го потврдат со нови три бода.

Двојки за 04 коло:

Осогово – Детонит Плачковица

Вардар (Н) – Охрид

Башкими – Беласица

Победа – Аресими

Новаци – Македонија ГП

Каменица Саса – Борец

Вардарски – Брегалница

Скопје – Кожуф

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ