РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО БОРЕЊЕ – ЖЕНСКА КОНКУРЕНЦИЈА НА ТРИДНЕВЕН КАМП ВО КОЧАНИ

Во Спорт
јули 31, 2022
1 минути

Репрезентацијата на Македонија во борење во женска конкуренција е на тридневен камп во Кочани.

Дваесет девојчиња со тренерите Чедо Николовски и Ангел Стефанов се сместени во Хотел „Аледар“ а тренинзите од 10:00 и 18:00 часот ги  реализираат во салата на БК „Спартак“.

За што поуспешна реализација на овој мини камп кој се одржува од 29.07 до 01.08, со своето присуство придонес даваат и Гоце Ангелов како претставник на клубот домаќин БК „Спартак“ и техничкиот секретар на БФРСМ Драгана Савева.

Освен за популаризација на женското борење на кампот и официјално подготовките за претстојното Светско Првенство У-20 кое од 15-21 Август ќе се одржи во Софија (Бугарија) ги започна репрезентативката Марија Спирковска.

Во работата на кампот се вклучени и три девојчиња од БК Спартак“ – Кочани, Славица Митева, Стојана Митева и Вероника Божинова кои би требало заедно со Марија Христова да бидат иднината на женското борење во „градот на оризот“.

Од БФРСМ како што истакнуваат доста се залагаат женското борење да појде во нагорна линија затоа и искажаа големо задоволство од репрезентативните настапи на Марија Цветанова на ЕП У-17 во Романија и на Анабела Данилова на СП У-17 во Италија.

Освен тренинзите во салата денот на девојчињата им е збогатен и со низа други активности како што се пливањето, трчањето и пешачењето.

С. Ивановска