Сабота, 17:00 часот време за почеток на натпреварите од 29-тото претпоследно коло во Втората Фудбалска Лига. Неколку средби го привлекуваат вниманието на фудбалската јавност, но она што е интересно во Источниот Регион е натпреварот во Македонска Каменица каде се игра локалното дерби, во „градот на рударите“ гостува „Осогово“.
Од секогаш овие пресметки биле интересни и неизвесни па така и овој пат се очекува натпревар полн со неизвесност а победата ќе ја однесе екипата која ќе биде повеќе мотивирана.
Во последните неколку кола „рударите“ се во форма, играат допадлив и преди се ефикасен фудбал, а на страната на „жолто-сините“ се гостувањата оваа пролет каде се освоени девет бодови.
Натпревари од 29-тото коло:
Каменица Саса – Осогово
Аресими – Македонија ГП
Башкими – Детонит Плачковица
Беласица – Борец
Новаци – Скопје
Охрид – Брегалница
Победа – Кожуф
Вардарски – вардар
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ