Поради Изборното Собрание на ФФМ што е закажано за денес (Сабота) сите натпревари од 21-то коло во Втората Фудбалска Лига се поместени за ден подоцна.
Во Недела во Велес се игра натпревар кој одлучува за опстанок во лигата, „Осогово“ му гостува на „Борец“.
И двете екипи не остаруваа според очекувањата во пролетниот дел на првенството па и понатака кај двете постои отворена борба за гол второлигашки живот.
Двојки од 21-ѕо коло:
Борец – Осогово
Башкими – Вардар
Охрид – Победа
Беласица – Новаци
Аресими – Каменица Саса
Македонија ГП – Вардарски
Брегалница – Скопје
Детонит Плачковица – Кожуф
Натпреварите започнуваат во 15:00 часот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ