ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ ДОМАЌИНКИ НА ЛИДЕРОТ НА ТАБЕЛАТА

Во Спорт
октомври 20, 2023
1 минути

Утре (Сабота) со почеток во 15:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани во рамките на 6-тото коло од Втората Фудбалска Лига за жени „Кочани“ ја пречекува екипата на „Атлетико“.

Во изминатите пет кола битолчанки се на делба на првото место со импресивна гол разлика 61:0. Податокот дека екипата просечно на секој натпревар постигнува по 12 погодоци зборува за нивната големина и супериорност.

Двојки за 6-тото коло:

Кочани – Атлетико

Вардар – Победа Валандово 16

Билјанини извори – Порече

Борец – Плачковица

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ