ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, НА ВРВОТ БЕЗ ПРОМЕНИ

Во Спорт
април 6, 2025
1 минути

По лоши услови за игра се одиграа натпреварите од 11-тото во Втора Фудбалска Лига за жени. На четирите натпревари постигнати се 24 погодоци или во просек по 6 на натпревар. Првопласираните четири екипи забележаа победи па така табелата остана без промени.

Со головите на Веселинова во 2’, Салихи во 4’9’25’47’ 57’62’74’ и Стојковска во 17’59’68’ екипата на Кочани како домаќин го совлада Борец со 11:1 и остана на првото место со три бода повеќе од екипата на Вардар.

Резултати од 11-тото коло:

Кочани – Борец  11:1

Вардар – Победа 16  7:1

Билјанини извори – Слободен  3:0

Плачковица – Порече  0:1

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ