Денес на програмата беа натпреварите од 9-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени, Во три натпревари славеа домашните екипи а само на еден натпревар немаше победник.
Лидерот на табелата „Кочани“ со головите на Салтирова во 12’ и на Велкова во 42’ рутинирано ја совлада екипата на „Порече“ со резултат 2:0 (2:0).
Второпласираниот „Вардар“ убедливо го совлада „Борец“ со 9:0 а со ист резултат „Билјанини извори“ ја совладаа екипата на „Плачковица“.
Единствено победник немаше на натпреварот „Победа 16“ – „Слободен“ кој заврши 1:1.
На врвот на табелата без промени. „Кочани“ и понатака е лидер а со три бода помалку го следи екипата на „Вардар“.
Резултати од 9-тото коло:
Кочани – Порече 2?0
Вардар – Борец 9:0
Билјанини извори – Плачковица 9:0
Победа 16 – Слободен 1:1.
Најдобар стрелец и понатака е Афродита Салихи (Кочани) со 38 погодоци, а далеку зад неа се Теодора Јанковска (Вардар) со 23, Ангела Стојковска (Кочани) 15 и Марија Јулчовска (Билјанини извори) и Мила наумовска (Вардар) со по 12 постигнати погодоци.
С. Ивановски.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ