ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, САЛИХИ И СТОЈКОВСКА ПРОДОЛЖУВААТ ДА ГИ РЕШЕТАТ МРЕЖИТЕ

Во Спорт
септември 22, 2024
0 минути

Се одиграа натпреварите од второто коло во Втората Фудбалска Лига за жени. На три од четирите натпревари славеа гостите додека само еден бод освоија домаќините. Постигнати се 24 погодока или просек по 6 на секој натпревар.

Екипата на „Кочани“ која важи за еден од најголемите фаворити за највисок пласман се прошета низ македонски брод. Кочанчанки славеа на ова гостување со 8:0 а двете новајлии во екипата на тренерот Оливер Јовановски не престануваат да ги решетат противничките мрежи. Салихи постигна 5 погодоци (20’,21’,23’, 54’, 55’) додека преостанатите 3 се дело на Стојковска ( 33’, 63’ 77’).

Резултати од 02. коло:

Порече – Кочани  0:8

Плачковица – Билјанини извори  1:2

Борец – Вардар  0:11

Слободен – Победа Валандово  1:1.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ