ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, ВО ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ КОЛА СЕ РЕШАВА ШАМПИОНАТОТ

Во Спорт
април 13, 2025
1 минути

До крајот на првенството во Втора Фудбалска Лига за жени остануваат да се одиграат уште две кола по кои ќе биде познато која екипа директно влегува во Првата Фудбалска Лига за жени, а која ќе игра бараж.

Со головите на Стојановска во 8’, Салихи во 32’36’51’ и Веселинова 57’ лидерот на табелата „Кочани“ без поголеми напори како гостин го совлада последнопласираниот „Слободен“.

„Вардар“ и „Билјанини извори“ се враќаат дома со три бода од гостувањата  додека „Борец“ немаше проблеми да дојде до трите бода како домаќин против екипата на „Плачковица“.

Резултати од 12-тото коло:

Слободен – Кочани  0:5

Борец – Плачковица  4:0

Победа 16 – Билјанини извори  0:5

Порече – Вардар  0:4

По 12 одиграни кола листата на стрелци ја предводи Афродита Салихи (Кочани) со 51 погодок, а по неа следуваат: Теодора Јанковска (Вардар)  28,  Анѓела Стојковска (Кочани) 20,  Марија Јулчовска (Билјанини извори) 17.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ