Во сабота и Недела на програмата се натпреварите од 4-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени.
Во Велес е дуелот на некогашните шампиони. Натпреварот во кој благи фаворити се кочанчанки треба да донесе интересен фудбал бидејќи и „Борец“ и „Кочани“ иако имаат многу млади екипи во кои девојчињата тежнеат кон докажување. Кочанчанки во трите кола забележаа исто толку победи, додека домаќинките се со по една победа и пораз и еден натпревар одиграа без победник.
Двојки од 4-тото коло:
„Борец“ – „Кочани“
„Вардар“ – „Порече“
„Победа Валандово 16“ – „Плачковица“
„Билјанини извори“ – „Атлетико“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ