ВТОРОЛИГАШОТ ОД КОЧАНИ СЕ ЗАСИЛУВА, ЦЕЛТА Е ПРВА ЛИГА

Во Спорт
август 27, 2024
0 минути

Второлигашот од Кочани се засилува, доведе две звучни имиња и како што истакнуваат целта е Првата лига.

Некогашниот шампион и двократен освојувач на купот на Македонија во женска конкуренција кој моментно игра во Втората лига засега ангажираше две звучни имиња кои се надеваат дека со младиот и полетен состав ќе допринесат од следната година да играат во Првата Фудбалска Лига за жени.

Афродита Салихи која е дел од шампионската екипа на „Кочани“ заедно со Ангела Стојковска решија во овој предоен рок дресот на ЖФК „Шкендија“ (Тетово) кој до сега го носеа да го заменат со овој на ЖФК „Кочани“.

До крајот на преодниот рок остануваат уште неколку дена во кои се е можно околу нови засилувања.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ