МЕЃУНАРОДЕН МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ – ПРОДОЛЖИ ТРАДИЦИЈАТА ВО ЧЕСТ НА ЛЕГЕНДИТЕ НА „СПАРТАК“

Во Спорт
ноември 5, 2022
1 минути

Денес Кочани беше центарот на борењето во Македонија. По 22-ри пат се одржа сега веќе традиционалниот Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“.

Деведесет борачи од Македонските клубови како и од клубови од Грција и Бугарија во машка и женска конкуренција излегоа на душекот за да го покажат сиот свој раскошен талент и да покажат дека се иднината на борењето.

Откако ги поздрави присутните во салата турнирот за отворен го прогласи Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

Посетителите во салата кои за жал ги имаше во мал број беа сведоци на интересни и неизвесни борби во кои сепак на крајот победија оние најдобрите во своите категории.

Младите борачи на „Спартак“ кои воедно се иднината на кочанското борење освоија седум медали од кои пет во машка (1 златен, 3 сребрени и 1 бронзен) и две во женска конкуренција (2 златни).

Кај девојчињата со злато се закитија:

Славица Митева – категорија до 40 килограми и

Стојана Митева – категорија до 50 килограми

Кај момчињата освојувачи на медали:

Филип Ангелов – златен медал – категорија до 60 килограми;

Даријан Павлев – сребрен медал – категорија до 54 килограми;

Михаил Ангеловски – сребрен медал – категорија до 60 килограми;

Милан Трендов – сребрен медал – категорија до 65 килограми:

Андреј Соколов – бронзен медал – категорија до 48 килограми.

На крајот комисијата ги прогласи и најуспешните борачи.

-Најдобар странски борач – Атанас Костадинов (Бугарија)

-Најдобар техничар – Алихан Мутазе – Шкупи (Македонија)

-Најдобар домашен борач – Даријан Павлев – Спартак (Македонија)

-Најдобар борач на турнирот–Филип Ангелов–Спартак (Македонија)

Одличен организатор на 22-рото издание на годинешниот Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“ беше БК „Спартак“ од Кочани.

Продолжуваме и следната година.

С. Ивановски