По кој знае кој пат еве им се обраќам на читателите на порталот. Како и понапред, така и сега ги замолувам за коментари но со пристојна содржина или коментари без вулгарни зборови или дискриминирање на личности без никакви аргументи.
Вечерва веќе тројца баниравме а со тој тренд ќе продолжиме без разлика колку ќе се намали бројот на читаноста.
Затоа почитувани читатели, Ве замолуваме во иднина да внимавате што ќе коментирате, сето она што сакате да го искажете на непристоен начин за кој еве погоре напишавме не само што ќе ви биде избришан коментарот, туку и ќе имате забрана пристап на страницата. Ако во нешто сте убедени и сакате да го искажете на поинаков начин од дозволениот Ве замолуваме тоа да го направите на вашите профили.
Толеранција нема да има за никого.
Со поздрав и почитување,
Ваш komarec.com.mk