Во организација на Сојуз на Училишен Спорт – Кочани во средата во ресторан „Аква“ во Кочани се одржа завршната вечер со професорите по Физичко и здравствено образование и Спорт и спортски активности.
На средбата претседателот на Сојуз на Училишен Спорт – Кочани Оливер Јовановски, на професорите кои заминаа во пензија им врачи благодарници и признанија за афирмација и успешно презентирање на училишниот спорт за време на нивниот работен век .
Честа да ги добијат признанијата и благодарниците годинава јм припадна на Владо Андов, Мијалчо Апостолов, Јорданчо Јанев, Јордан Анастасов, Тошо Геров и Зоран Андонов.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
