ЗАПОЧНАА ПРОТЕСТИТЕ ПРЕД „ПЕЈПАР МИЛ“

февруари 15, 2022
0 минути

Група граѓани се собраа попладнево пред влезот на фабриката „Пејпар Мил“ во Кочани со што уште еднаш го искажаа својот револт поради загадувањето што го прави оџакот на фабриката.

Протестот според најавите траеше два часа и од денес почнувајќи па во наредните денови во истиот термин ќе се продолжи се додека менаџерскиот тим на фабриката не го смени начинот на своето работење.

Иако фабриката поседува А еколошка лиценца според која за време на своето работење треба да користи метан тие и понатака според познавачите на приликите користат друг вид на гориво, односно пелети со сомнителен состав.

Протестот кој не ги оправда очекувањата според бројот на присутни помина во мирна атмосфера а како што е најавено така и ќе продолжи во следните денови.

С. Ивановски