ЗАВРШЕНО АСФАЛТИРАЊЕ И БЕТОНИРАЊЕ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО КОЧАНИ

јули 4, 2023
1 min read

Завршена е реконструкцијата и асфалтирањето на дел од улиците „Партизанска“ и „Шукри Шаин“ во Кочани. Вкупната површина на новоасфалтираниот дел изнесува околу 1.500 метри квадратни. Изведувач на работите е фирмата „Коле Транс“.

Бетониран е и крак на улицата „Пролетерски бригади“ во Кочани и „Крум Врнински“ во Оризари. Изведувач на работите на овие две улици е фирмата „Калина Дооел“.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ