СЕ ПОСТАВУВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА НОВАТА КОЛОВОЗНА ЛЕНТА НА УЛИЦАТА „СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ“

ноември 25, 2021
0 минути

Продолжуваат градежните активности на новата коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“, поранешна „Ленинова“. Во завршна фаза е поставувањето на атмосферска и фекална канализација, водоводна како и друга подземна инсталација.

Службите од КЈП „Водовод“ известуваат дека веќе е поставена атмосферска мрежа во должина од 270 м, од Стришани до Двојниот мост, а наредниот период ќе се работи на ископ и поврзување. На овој потег ќе се постават 16 шахти и шест собирни решетки.

По завршувањето на комуналната инфраструктура, ќе следува дооформување на оваа сообраќајница и нејзино асфалтирање. Се очекува, булеварското решение на „Стево Теодосиевски“ значително да го подобри протокот на сообраќајот во централното градско подрачје на Кочани.

Општина Кочани