ООУ „Климент Охридски“ – Облешево со пригодна манифестација и обраќање на вд директорот на училиштето Јорданче Костадинов го заврши овогодишното чествување на патрониот празник и активностите што по тој повод беа спроведени изминативе денови.

Учениците во преполната сала се представија со музички и актерски точки, а беа доделени и наградите за најуспешните на организираните спортски натпревари, на кои првото место го освоија учениците од гостинската екипа на ООУ „Страшо Пинџур“ од Соколарци.

Беа доделени и благодарници за учесниците во ликовната колонија кои ги неа поставиле преубавите уметнички дела.

Во поздравниот говор директорот на ООУ „Климент Охридски“ – Облешево, ја истакна придобивката од реализираните проекти, а зборуваше и за идните планирани проекти кои имаат за цел подобрување на условите за успешна реализација на воспитно образовната работа.



КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ
