Почитувани,
Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ Ве поканува да присуствувате на трибина на тема:
„Намалување на отпадот со цел заштита на животната средина – примена на законски регулативи за намалување на депонирање на отпадот“
Датум: 19 ноември 2025 година
Време: 17:00 часот
Локација: Дом на култура „Бели Мугри“, Кочани
Трибината се организира заради подобрување на информираноста, транспарентноста и учеството на граѓаните и институциите во справувањето со неопасен отпад, како и јакнење на владеењето на правото во областа на животната средина преку поефикасно административно и кривично спроведување, во согласност со европските стандарди и Зелената агенда за Западен Балкан, во рамки на проектот „Зајакнување на соработката за локално влијание врз јавните политики за справување со отпад во општина Кочани“, имплементиран од Еко Тим Исток.
На настанот ќе учествуваат претставници на државни институции, локалната самоуправа, судови, инспекциски служби, академската заедница, граѓански организации и правни експерти, кои од аспект на своето работење ќе презентираат начини за примена на законските регулативи и ќе дадат свои согледувања за унапредување на управувањето со отпад.
Настанот е од отворен карактер и е наменет за пошироката јавност – институции, правни лица, здруженија на граѓани и граѓани од општина Кочани и регионот. Се очекува активно учество на присутните преку дискусија и размена на идеи.
Ваша вклученост и придонес ќе бидат од особено значење за постигнување на целите на трибината.
Со почит,
Ирена Мирчовска
Претседател
Здружение „Еко Тим Исток“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
