Во салата за венчавање во Кочани, на јавната трибина Здружението на граѓани „За наше Кочани“ ја доживеа својата промоција.
Пред присутните во салта свое обраќање имаа Владимир Данилов – претседател на здружението „За наше Кочани“ како и гостинот од Куманово инаку актуелен градоначалник, Максим Димитриевски.
Како што истакна Владимир Данилов, целта на здружението е да работи во интерес на сите граѓани, односно да се подобри економијата со што би се подобриле условите за живот, да се стави крај на корупцијата но и да се заштити идентитетот на државата и народот.
Максим Димитриевски истакна задоволство од формирањето на здружението во Кочани кое инаку е петто во државата и како што истакна целта е во блиска иднина сите вакви здруженија да се обединат и да прераснат во граѓанско движење со политички предзнак за да можат на следните редовни или предвремени парламентарни избори да настапат и да понудат реална програма за граѓаните.
Освен во Кочани вакви здруженија на граѓани веќе има формирано во Куманово, Крушево, Прилеп и Тетово а нивни претставници присуствуваа на промоцијата на здружението „За наше Кочани“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ