ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА И ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО КОЧАНИ СЕ ВО ЛОША СОСТОЈБА

јануари 9, 2023
0 min read

Денешната вест дека излетал воз со 150 патници од кои за среќа нема потешко повредени не натера да размислиме дали ни треба отворање на нова железничка пруга ако старата е веќе дотрајала и е ризично возењето по неа.

Од „Македонски железници“ постојано слушаме жалопојки кога се во прашање тие, ама никако истите тие да излезат со  некакво соопштение за состојбата на железничките пруги низ земјата.

За другиот дел од земјата не знаеме каква е состојбата со железничката пруга, но се делот кон и во Кочани е повеќе од загрижувачка.

Траповите се дотрајани, некои изгниени а на средината на некои од нив никнала и трева што самото тоа покажува дека е ризично возењето по таква железничка пруга.

Железничката станица во Кочани пак е приказна за себе. Фасадата од поодамна се распаѓа, пероните оштетени и заглавени во земја, единствено точно работи часовникот иако и тој е од поодамна оштетен.

Денешниот настан на „Македонски железници“ им покажа по кој знае кој пат жолт картон, ако не ги отстранат недостатоците не треба ни да размислуваме дека ќе се претвори во црвен картон.

С.  Ивановски