ЖФК „КОЧАНИ“ СО РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР ЈА ПРОСЛАВИ ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА

Во Спорт
мај 26, 2025
0 минути

Со одигрувањето на ревијалниот натпревар помеѓу младинската и сениорската екипа ЖФК „Кочани“ ја прослави Шампионската титула, односно освојувањето на првото место во Втора Фудбалска Лига за жени и обезбедување пласман во Првата Фудбалска Лига за жени во следното првенство.

На долгогодишниот капитен на екипата Симона Веселинова и беше оддадено посебно признание која ја заврши својата богата фудбалска кариера која ја започна во ЖФК „Младост Иднина С“ од Оризари а ја заврши во ЖФК „Кочани“.

Веселинова активно престана со натпреварувачкиот дел но таа сепак ќе остане и понатака да работи во клубот каде на младите играчи ќе им пренесе дел од нејзиното богато фудбалско искуство.

По завршувањето на свечената церемонија и одигрувањето на ревијалниот натпревар играчите заедно со членови на стручниот штаб и управата заминаа на заеднички ручек во ресторан „Але Дар“.

Во предигра на целиот свечен настан се одигра и натпреварот од Кадетската лига ЖФК „Кочани“ – ЖФК „ускана“ (Кичево) во кој триумфираа домаќинките со резултат 3:1.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ