ЖФК „КОЧАНИ“: ВО НЕДЕЛА РЕВИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР

Во Спорт
мај 23, 2025
1 минути

Во Недела со почеток во 16.30 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одигра ревијален фудбалски натпревар помеѓу младинската и сениорската екипа на ЖФК “Кочани “– Кочани,

На самиот натпревар освен што  ќе се прослави освојувањето на шампионската титула во Втората Македонска Фудбалска Лига за жени,  и официјално од активното играње ќе се прости долгогодишниот капитен Симона Веселинова.

„Пензионирањето“ на Веселинова  нема да биде целосно збогување со фудбалот, напротив, таа и понатака ќе остане да работи и помага во клубот.

По тој повод Женскиот Фудбаслки Клуб „Кочани“ ќе и врачи на Симона Веселинова пригодни подароци бидејќи таа со своите настапи на некој начин го задолжи клубот,

.Истиот ден во предигра на овој натпревар поточно од 15.00 часот љубителите на фудбалот ќе можат да го проследат и натпреварот од кадетската лига помеѓу ЖФК „Кочани“ и ЖФК „Ускана“ од Кичево.

По одигрувањето на натпреварите сите фудбалерки ќе имаат заеднички ручек во ресторанот „Аледар“ – Кочани.

ЖФК Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ