ЖИТЕЛ НА ОРИЗАРИ ЛИШЕН ОД СЛОБОДА, УЧЕСТВУВАЛ ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ИМАЛ 1,90 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА

декември 1, 2025
1 минути

На 30.11.2025 во 18:23 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода С.С.(42) од Оризари, кочанско. Претходно, околу 17:15 часот на магистралниот пат А3, во близина на

крстосница „База Гранит“, тој со возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „сузуки“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.Г.(56) од Кочани, по што го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден во неговиот дом и по извршено алкотестирање констатирано е дека е под дејство на

алкохол, односно измерени му се 1,90 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Соопштение на СВР Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ