ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ РЕАГИРААТ – УЛИЦАТА ПОВЕЌЕ ОД МЕСЕЦ ДЕНА НЕ Е ИЗМЕТЕНА

август 17, 2022
1 минути

Голем број жители од улицата „Гоце Делчев“ од Кочани со допис се пожалија а со фотографии потврдија дека нивната улица како што спомнуваат повеќе од месец дена не е изметена.

„Ова е катастрофа за сите нас. Верувајте повеќе од месец дена улицата не е изметена. Корпите за отпадоци се преполни а ако ние на повеќепати не го собиравме сметот од корпите и не го фрлавме во контејнерите до сега на овие горештини се ќе замирисаше. Не знаеме која е причината па вработените од КЈП Водовод задолжени за метење на улиците не доваѓаат на нашата улица. Размислуваме да побараме од комуналното претпријатие во сметките за овие два месеци да нема ставено ставка за плаќање на чистота за улиците туку штетата да ја платат тие што не чистат“.

Вака гласи пораката на  жителите од улицата „Гоце Делчев“ од Кочани.

С. Ивановски