ЖИТЕЛИТЕ ОД НАСЕЛБАТА „МОНОПОЛСКИ БАВЧИ“ АПЕЛИРААТ ДО НАДЛЕЖНИТЕ СЛУЖБИ ВО ОПШТИНАТА

октомври 15, 2024
1 минути

Група граѓани од улиците .Вера Которка и .Мирка Гинова“  (наелба Монополски бавчи) со допис бараат од надлежните служби во општината да го имаат истиот третман како и оние од централното градско подрачје кога е во прашање одржувањето на хигиената на улиците и тротоарите во нивната населба. Во писмото во чиј прилог добивме и фотографии се вели:

„Ние жителите од улиците во населбата Монопочски бавчи ја користиме можноста еве јавно да се обратиме до надлежните служби во општината се со цел да имаме исти третман како и жителите во централното градско подрачје. Од надлежните бараме да испраќаат што поредовно екипи за да се навреме коси тревата, да се одржуваат улиците и тротоарите онака како што личи. .Со нередовното одржување се ствара дива депонија која и штети на сите жители од населбата. Ние исто како и останатите домаќинства од општината редовно ги измируваме нашите обврски кон општината и затоа бараме и таа редовно да ги реализира своите обврски. Ја користиме можноста и ги повикуваме сопствениците на парцелите околу куќите и зградата редовно да си ги одржуват парцелите што не беше случај досега. Воедно им даваме подршка на нашите сограѓани од улицата Лазар Андонов кои побараа редовно  одржување на кочанската река од машинскиот мост и надолу. Се надеваме дека сериозно ќе биде сфатен нашиот допис. Во прилог со дописот  доставуваме  и фотографии кои јасно ја отсликуваат моменталната состојба“.

 

Група граѓани од населбата

Монополски бавчи – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ