По неполни два часа од објавата на нашиот портал дека наш сограѓанин нашол изгубени пари кај еден од банкоматите на „Тутунска банка“ се јави Миле Јанев човекот што ги нашол парите и не информираше дека лицето кое ги загубило парите му се јавило на објавениот телефонскиот број.
Му кажал кое време, каде и колку била сумата, му оставил негови лични податоци и се договориле кога да му бидат предадени парите.
Миле Јанев и во овие „луди“ времиња покажа голема чесност онаква каква што го краси со години.
„Сношти отидов да извадам некој денар од банкоматот и кога погледнав не верував во она што го видов. Одредена сума на пари некој изгубил. Стоев некое време кај Тутунска Банка за да видам некој дали ќе наиде и ќе почне да бара каде му паднале парите. Како никој немаше си заминав и веднаш дојдов на идеја вам да ви се обратам за да поставите некоја објава. Беше доцна и затоа оставив за денес. Човекот ми се јави многу бргу откако вие објавивте. Знам чие е момчето и се договоривме утре да му ги дадам парите за кои од првиот момент знаев дека мораа да стигнат на вистинската адреса“ ни рече со тивок глас Миле Јанев добриот човек и по душа и по карактер.
Респект за мојот сограѓанин, респект за Миле Јанев
С. Ивановски