ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКАТА ПРОГРАМА „ЗА ПОДОБАР ВИДИК“

ноември 11, 2022
1 минути

Општина Кочани по повод Денот на лицата со попреченост 3. декември, ќе одржи културно-уметничка програма под мотото „За подобар видик“.

Во истата ќе земат учество училиштата и градинките, а ќе биде збогатена со продажни штандови во Градскиот Парк во Кочани на ден 2 декември (петок) 2022 година, со почеток од 10 часот.

Целта на настанот е да се помогне на децата со попреченост со нагледни и дидактички помагала, односно да се подобри квалитетот на настава во училиштата на децата со попреченост.

Општината ќе постави продажни штандови со уметнички слики изработени на ликовни колонии, а средствата од продадените слики ќе бидат наменети за набавка на асистивна технологија за децата со попреченост вклучени во основните односно, средните училишта.

Упатуваме апел до сите заинтересирани правни и физички субјекти да се вклучат со свое учество во настанот.

Секој којшто смета дека може да даде придонес во самиот настан на свој креативен начин замолуваме да се јави на тел: 072-275-689 Аника И. Ѓорѓиева или 072-275-610 Голубина Гергиева.

Физичките лица кои сакаат да се вклучат со продажба на свои работи: ракотворби, книги, сувенири и слично, како и фирми со свои производи, Општина Кочани ќе им овозможи продажен штанд во Градскиот Парк во Кочани.