ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „14 БРИГАДА“ БАРААТ ЦЕЛОСНО АСФАЛТИРАЊЕ НА НИВНАТА УЛИЦА

август 31, 2022
0 минути

Група граѓани што живеат на улицата „14 бригада“ во Кочани се крајно револтирани од индолентниот однос на локалната самоуправа кон како што истакнуваат нивниот проблем кој трае со години.

„Ние група граѓани крајно сме револтирани од односот на власта во општината кон нашиот проблем, Ние со години наназад одиме и возиме по улицата 14 бригада на која асфалтот е ископан а е поставен уште во времето на Тодосија Паунов. Веќе неколку пати е реагирано кај надлежните но тие го решаваат проблемот со привремено пополнување на дупките со асфалт, но поради стрмноста на улицата по еден месец се појавува истиот проблем. Имаме проблем и со тротоарите кои се обраснати во трава и не само возрасните туку и децата тешко се движат по нив. На општината сите давачки си ги плаќаме а нема кој да дојде и да го реши нашиот проблем. Никому не се закануваме, но доколку не бидат превземени мерки за асфалтирање на улицата ние жителите од улицата ќе преземеме дополнителни мерки кои законот ни ги дозволува“ стои во писменото обраќање кое ни беше испратено во текот на денешниот ден.

Група жители од

Улицата „14 бригада“

Кочани