На 07.08.2022 во 16.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Берово-Виница, кај „Пекланска крстосница“, патничко возило „опел“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.М.(51) од Кочани, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и на 08.08.2022 околу 03.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите.
Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.
ИЗВОР: Дневни билтени од МВР