ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – КАМПАЊА ПОД МОТОТО „ВОЗИ БЕЗБЕДНО – СТИГНИ СИГУРНО“

ноември 17, 2025
1 минути

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани и Општина Кочани на територијата на градот Кочани и на експресниот пат Штип – Кочани реализираа теренска акција во која потсетуваа за законската обврска за задолжително носење зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.

Превентивно-едукативната активност беше наменета за возачите. Препораките за безбедно управување на возилата во зимски услови наидоа на одличен прием и поддршка од возачите, кои беа предупредувани да ја приспособат брзината, да држат растојание и да возат внимателно. Возилото треба да има зимски пневматици и соодветна зимска опрема.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ