Уште еден успешно истрчан маратон на Златко Николов од Кочани. За време на викендот Николов учествуваше на Маратонот „Водно-Матка“ и трчаше на патеката долга 27 километри.
Во конкуренција на 230 натпреварувачи Златко Николов го зазеде одличното второ место со време 2 часа и 35 минути што за 6 минути е подобар резултат од оној што го постигна минатата година.
Стартот на трката беше од Средно Водно а петелката во должина од 27 километри, со 1400 метри висинска разлика (елевација) која не беше пречка за одлично подготвениот Златко Николов.
Инаку Николов пред овој маратон учествуваше и на маратонот во Прилеп и на патеката долга 17 километри го освои првото место.
Освен Златко Николов за време на викендот уште еден наш сограѓанин имаше одлично трчање во Скопје. Имено Владо Симеонов трчаше на патека долга 40 километри, категорија натпреварувачи над 50 години, и во мошне силна конкуренција заврши како второпласиран.
Честитки за двајцата претставници од Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ