Во салата на ОУ „Коле Нехтенин“ во Штип во организација на Боречката Федерација на Република Северна Македонија и технички организатор БК „Балканец“ се одржа „Државното првенство во слободен стил за момчиња и девојчиња У-23“.
Во мошне силна конкуренција борачите на „Спартак“ освоија злато во женска и сребро во машка конкуренција што со преостанатите освоени едно 5-то и едно 6-то место го искачија БК „Спартак“ на 3-тото место на пиедесталот во екипна конкуренција.
Марија Христова во категоријата до 53 кгр беше прва, а додека Леон Трајанов во категоријата до 86 кгр. беше втор. Дејан Митев стигна до 5-тото, а Јаким Јакимов до 6-тото место.
Денешните успеси на рекомпонираниот состав на БК „Спартак“ се за чекор повисоко од претходните кои пред две седмици ги освоија на „Изборно првенство во борење за мажи и жени – јуниори/ки и У-20“ што се одржа во Прилеп.
Убавата приказна за новиот „Спартак“, најтрофејниот клуб во „градот на оризот“ продолжува.
С. Ивановски