ЖИТЕЛИТЕ ОД „КУЛАТА“ НЕ ДЕМАНТИРАА

февруари 12, 2022
1 минути

Неполни 24 часа по објавата дека совеста кај населението почнала да работи кога е во прашање чистата животна средина и дека подземните контејнери се користат како што треба, со само една фотографија ни стигна демант.

Имено фотографијата е направена во петокот околу 7 часот и на неа јасно се гледа дека контејнерите не се користени туку дека црните вреќи полни со смет кој не е рециклиран се оставаат по затворањето на угостителските објекти во ГТЦ и од обложувалниците до самите контејнери.

Како што не информираат сето тоа го чистат вработените од КЈП „Водовод“ и благодарение на нив преку ден сликата изгледа убаво.

Што и да е мора да почнеме да размислуваме дека сите сакаме чиста животна средина која самите ние мора да ја создадеме.

С. Ивановски