ЗОРАН ГЕОРГИЕВ ГО ЗАСИЛУВА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ТРЕТОЛИГАШОТ „КАРБИНЦИ“

Во Спорт
септември 5, 2024
0 минути

Долгогодишниот тренер на ФК „Задругар“ од Долни Подлог Зоран Георгиев  во новото  првенство кое што е на прагот ќе го засили стручниот штаб на третолигашот „Карбинци“ од истоименото село.

„По завршувањето на Богородичниот фудбалски турнир добив покана од фудбалскиот клуб Карбинци кој и оваа сезона ќе се натпреварува во третата фудбалска лига исток да бидам дел од нивниот стручен штаб. Таква покана за мене е чест и ја прифатив. Се надевам дека со моето искуство и со ангажирањето на неколку проверени играчи Карбици ќе биде тежок противник за сите екипи и ќе се бори за самиот врв на табелата“, беше изјавата на Зоран Георгиев

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ