Долгогодишниот тренер на ФК „Задругар“ од Долни Подлог Зоран Георгиев во новото првенство кое што е на прагот ќе го засили стручниот штаб на третолигашот „Карбинци“ од истоименото село.
„По завршувањето на Богородичниот фудбалски турнир добив покана од фудбалскиот клуб Карбинци кој и оваа сезона ќе се натпреварува во третата фудбалска лига исток да бидам дел од нивниот стручен штаб. Таква покана за мене е чест и ја прифатив. Се надевам дека со моето искуство и со ангажирањето на неколку проверени играчи Карбици ќе биде тежок противник за сите екипи и ќе се бори за самиот врв на табелата“, беше изјавата на Зоран Георгиев
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ