Почитувани,
Денес е 17-ти ноември, Меѓународниот ден на студентите. Низ целиот свет се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на трагедијата која се случила токму денес во 1939 година кога нацистите погубиле 20 чехословачки студенти при протестите против окупацијата.
Повеќе од 1200 студенти биле одведени во концентрациони логори, биле стрелани 9 професори и студенти, а студентските домови и универзитетите биле претворени во касарни.
Овој ден за првпат е одбележан во далечната 1941 и оттогаш, секоја година, насекаде во светот како ден на студентскиот активизам и глобален ден на акција – студентите низ целиот свет преку разновидни активности и иницијативи ја покажуваат важноста на тоа што значи да си студент.
Oва е денот кога се сеќаваме на борбите на студентите во минатото, ги славиме нивните имиња и се обидуваме да ги сфатиме резултатите од нивниот активизам.
Oва е денот кога треба да погледнеме кон иднината, да се обидеме да посветиме малку внимание на борбите кои ни претстојат и да потсетиме дека најважната лекција која сме ја научиле е дека нема ништо посилно од единството.
Како што кажал и самиот Стив Пол Џобс: „Ретко ќе видите уметник во неговите триесетина години кој е способен да постигне нешто неверојатно“, иднината на секое општество е во иновативноста и инспиративноста кај младите.
Затоа, потсетувајќи се на големината на студентите како и на предизвиците со кои се соочуваат за да допринесат за подобра иднина, би сакале да потсетиме на неопходноста да нивниот глас, нивниот збор, нивниот апел биде слушнат во секое време!
Ви благодарам.
ЛК на СДММ – Кочани