ОО НА СДСМ – КОЧАНИ – ОДГОВОР НА ПРЕСОТ НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ ОД 29.04.2022 ГОДИНА

април 29, 2022
1 минути

НЕСПОСОБНОСТА  ЗА  МЕНАЏИРАЊЕ  НА  ОПШТИНАТА  НА  ДПМНЕ  НА  ДЕЛО

Освен манипулациите и оцрнувањата од ДПНЕ, граѓаните на Општина Кочани не добиваат ништо друго. Без нималку почит кон празникот и летургијата одржана во манастирот во месноста Добра Вода – Оризари, очекувано, ја критикуваат работата и делата на поранешниот градоначалник Николчо Илијев и СДСМ.

Да господа ДПНЕ, изградбата на патот Крушка – Полаки е завршена како еден од многуте проекти на планинските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, финансирани преку Бирото за регионален развој и дел од општинскиот буџет.

Рекордниот буџет постигнат од претходниот градоначалник Николчо Илијев и СДСМ е токму благодарение на домаќинското и правилното менаџирање. Да знаевте вие што е домаќинско работење, ќе знаевте и дека според увид на Надзорот, никој не смее да потпише исплата. Вие го имате увидот во документацијата, погледнете дали во завршната ситуација има одобрение од Надзорот? Но, како и секогаш се служите со лаги и манипулации и со чесното работење на претходниот градоначалник Николчо Илијев и СДСМ, ги прекривате вашата неспособност и неажурност. Зошто го изгубивте спорот, зошто не постои жалба за истиот? Објаснете им го тоа на граѓаните на Општина Кочани.

Ние работевме и работиме по Закон, градиме квалитетно и одговорно пред своите граѓани, во тоа и самите се уверивте по патот  по кој стигнавте до манастирот во Добра Вода – Оризари, кој е уште еден проект на Николчо Илијев и СДСМ.

Граѓаните го чекаат вашиот прв проект…. сеуште!

Со почит, 

ОО СДСМ Кочани