„ЖЕТВАРИТЕ“ ОЖНЕАЈА ТРИ БОДА ВО ДОЈРАН

Во Спорт
март 19, 2023
1 минути

Се одиграа натпреварите од 14-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.  Водечките екипи  „Осогово“ и „Овче Поле“ забележаа вредни победи на гостински терен, „Спартмани“ со минимален резултат славеше како домаќин а во Берово немаше победник. Најмногу голови гледачите видоа на натпреварот во Чешиново каде во победата на домаќините беа постигнати вкупно десет погодока.

Во Дојран гледачите видоа добар фудбал а лидерот на табелата „Осогово“ извојува тешка победа која му ги зголеми шансите за освојување на првото место и на крајот на сезоната.

По првото полувреме мрежите мируваа а во второто полувреме и голови и возбудувања.

Се играше 74’ кога по една центрирана топка во шеснаесетникот на домаќините најдобро се снајде Тоше Манов, убаво ја прими и биеше неодбранливо во мрежата на „рибарите“. Единаесет минути подоцна веќе беше 0:2 а стрелец повторно беше Тоше Манов кој избегна вешто една офсајд стапица од домашните одбранбени играчи и од дваесетина метри го лобуваше истрчаниот домашен голман Георге Дуљанов.

И кога сите очекуваа крај на натпреварот во гостинскиот шеснаесетник еден домашен играч викна и падна а судијата Доне Ристовски инстиктивно реагираше покажувајќи на белата точка а на гостинскиот играч Стојанче Тренчев му покажа втор жолт картон што значеше предвремено негово заминување во соблекувалната.

Сепак до крајот на натпреварот домаќините ништо повеќе не направија освен што доживеаја чесен пораз.

Резултати од 14-тото коло:

„Дојранско Езеро“ – „Осогово“  1:2

„Брегалница сениори“ – „Овче Поле“  1:3

„Академија Чешиново-Облешево“ – „Рудар“  6:4

„Спартмани“ – „Карбинци“  1:0

„Малеш“ – „Вардарски“  1:1

Слободна беше екипата на „Тиверија“

С.  Ивановски.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ