ЈОУ БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ КОЧАНИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПОЕЗИЈАТА ПОСВЕТЕНА НА КОСТА СОЛЕВ РАЦИН

март 20, 2023
1 минути

Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани а во соработка со ЛУ Библиотека“ „Гоце Делчев“ – Велес и ЛУ „Народен музеј“ – Велес, утре (21 Март) во просториите на Библиотека „Искра“ ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата под наслов „Уметноста на стихот – спонтано прелевање на моќни чувства“.

Настанот ќе биде посветен на Коста Солев Рацин, 115 години од неговото раѓање и 80 години од неговата смрт.

Во склоп на чествувањето за Рацин ќе биде отворена и Изложба на ликовни дела од литературно-ликовната работилница, „Инспирација – Бели Мугри“, инспирирана и посветена на стихозбирката „Бели Мугри“.

Настанот е закажан за во 12:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ