КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

март 30, 2023
1 минути

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С. (37) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Во временски период од 03.10.2022 до 21.11.2022 пријавениот, без знаење и дозвола на П.Д. од Штип, ги обезбедил и искористил неговите лични податоци и телефонски број и извршил онлајн нарачки на разни производи од 20 правни лица на 34 производи, кои од негова страна не се подигнати.

Покрај ова пријавениот, повеќе пати се обидел во име на оштетениот да се регистрира на веб страната на телефонски оператор, каде во негово име регистрирал и четири телефонски броеви.

Исто така пријавениот, креирал и профил на социјалната мрежа „Facebook“.

Соопштение од МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ